
Менаџментот на трговскиот синџир „Кауфланд“ во Хрватска, кој моментално вработува околу 3.500 луѓе, донел одлука за зголемување на платите на поголемиот дел од вработените.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Менаџментот на трговскиот синџир „Кауфланд" во Хрватска, кој моментално вработува околу 3.500 луѓе, донел одлука за зголемување на платите на поголемиот дел од вработените.
За нашиот успех се заслужни сите наши вработени. Затоа одлучивме да ги наградиме за трудот што го вложуваат при секојдневното работење. Водени од желбата нашите вработени да бидат задоволни и мотивирани и сакајќи да им овозможиме поголема сигурност и можности, донесовме одлука да ги зголемиме платите на повеќето вработени на нераководни позиции, изјави претседателот на управата на компанијата, Владимир Томко.
Според информациите од „Кауфланд", тоа значи дека во зависност од позицијата во компанијата, компанијата за вработените ќе обезбеди плата што во просек ќе биде повисока за 11,3% во однос на досега просечно исплатената плата, а зголемувањето ќе се реализира во два чекора, во текот на оваа и на следната година.