
Учениците од 24 основни училишта во Хрватска ќе добиваат бесплатно овошје и зеленчук во текот на претстојната учебна година, преку проект на трговскиот синџир „Кауфланд“, насловен „Кауфланд училишта ВИП“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Учениците од 24 основни училишта во Хрватска ќе добиваат бесплатно овошје и зеленчук во текот на претстојната учебна година, преку проект на трговскиот синџир „Кауфланд", насловен „Кауфланд училишта ВИП" (Kaufland škole voća i povrća).
Компанијата деновиве ги објави резултатите од конкурсот, со кој во мај годинава упати повик до сите заинтересирани основни училишта во Хрватска, да се пријават за изборот на 24 од нив што ќе добиваат бесплатно овошје и зеленчук во текот на новата учебна година.
Како што соопшти компанијата, „Кауфланд" реши секоја недела да обезедува доволно количество овошје и зеленчук за секое дете, што е вкупно 2,5 тони во неделата, односно 85 тони годишно.
„Како општествено одговорна компанија, пред сé се залагаме за поздрави деца во Хрватска. Според податоците на Светската здравствена организација (WHO), вишокот килограми кај децата е еден од најсериозните проблеми на 21 век. Затоа со овој проект сакаме да им овозможиме на децата избор од здрава храна и во нив да го разбудиме интересот за разнообразна, здрава исхрана. Затоа создадовме годишен план за овошје и зеленчук што ќе се разликува секоја недела, а, покрај другото, содржи: грозје, нектарини, јаболка, круши, мандарини, банани, киви, или краставици, домати, кељ, праз, цвекло, морков и свежа зелена салата. Сé на сé, повеќе од 60 отсто овошје и зеленчук со потекло од Хрватска", се наведува во сооштението од компанијата
Минатата недела беа врачени првите донации, а подарок од компанијата - полн кош овошје и зеленчук - добија и училиштата што не беа избрани за годишната програма.
Германскиот трговски синџир „Кауфланд" е присутен во Хрватска со 38 трговски објекти во 30 градови, со 3.700 вработени.