
Картичката на „Туш“ во рамки на програмата за лојалност што нуди погодности при купување во сите маркети на групацијата „Туш“ отсега е достапна и во електронска форма, соопштуваат од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Картичката на „Туш" во рамки на програмата за лојалност која нуди погодности при купување во сите маркети на групацијата „Туш" отсега е достапна и во електронска форма, соопштуваат од компанијата.
Новата картичка ги задржува сите погодности што ги има и досегашната пластична картичка, но на потрошувачите им нуди можност за нејзино префрлување на мобилен телефон, така што секогаш ќе ја имаат „при рака".
Клубот на „Туш" брои повеќе од 540.000 членови и на секој од нив ќе му биде достапна и е-картичката. Денес, мобилните телефони се секогаш со нас, некогаш и 24 часа во денот и затоа одлучивме на нашите членови да им го понудиме и овој новитет, објаснуваат од „Туш".
Членството во клубот на „Туш" е бесплатно, а на корисниците им носи низа погодности и попусти, евтини патувања, наградни игри, поповолно гориво на бензиските станици „Мол", посебни погодности во дрогериите на „Туш" и слично.