
Компанијата „Карнекс“ соопшти дека по продорот и успешното тргување на словенечкиот пазар, почна со продажба на паштети и месни нарезоци и на пазарите во Швајцарија и Австрија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Карнекс" соопшти дека по продорот и успешното тргување на словенечкиот пазар, почна со продажба на паштети и месни нарезоци и на пазарите во Швајцарија и Австрија.
Пласманот на нашите производи на пазарот на ЕУ, земјите на ЦЕФТА, но и на пазарите на Царинската унија (Русија, Белорусија и Казахстан) претставува голем успех и можност за понатамошен развој и унапредување на нашето работење, но и подобрување на домашното стопанство, истакнаа од „Карнекс".
Како што се наведува во соопштението, „Карнекс" е една од ретките компании во Србија што ги задоволува сите услови за добивање извозен контролен број што е гаранција за квалитетот и овозможува непречен извоз и трговија на производите во Европската унија.
Компанијата со производниот пристап „од нива до трпеза" овозможува потполна контрола на целокупниот процес, од сопствено производство на сточна храна, одгледување свињи на домашни фарми, заклучно со производство на крајниот производ. На тој начин се достигнуваат највисоките стандарди за квалитет, а „Карнекс" продолжува да инвестира во проширување на постоечките и изградба на нови капацитети за да ги задоволи потребите на купувачите, но и да се одржи во кругот на успешните, угледните и општествено одговорните компании, порачуваат од компанијата.