
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Индустријата за месо „Карнекс“ што работи во рамките на „МК Група“ го доби Халал-сертификатот за квалитет и безбедност на храна врз основа на низа спроведени и контролирани постапки во процесот на производството, одобрени од страна на Агенцијата за сертификација.
Индустријата за месо „Карнекс" што работи во рамките на „МК Група" го доби Халал-сертификатот за квалитет и безбедност на храна врз основа на низа спроведени и контролирани постапки во процесот на производството, одобрени од страна на Агенцијата за сертификација.
Во првата фаза сертифицирани се три производи на „Карнекс": говедски гулаш, сува говедска пршута и сува говедска пршута со лук, а во план е сертифицирање и на портфолиото на пилешката, говедската и рибната програма.
Стандардот Халал е базиран на превентивно-проактивни методи и компатибилен е со другите меѓународни стандарди со кои се уредуваат областите за квалитетно управување на производството (ISO, HACCP и други). Добивањето на сертификатот и исполнувањето на Халал-стандардите претставува дополнителна потврда за квалитетот на производите на „Карнекс" и овозможува значајно проширување на пазарот и зголемување на извозот на производи, пред сè во државите во кои живеат голем број на жители со исламска вероисповест, истакнуваат од службата за медиуми на „Карнекс".