
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Карлсберг“ - Србија, втора година по ред распишува конкурс за избор на најдобрите студенти од белградските и новосадските факултети, кои ќе добијат можност да ја посетат едногодишната програма на компанијата и со тоа да ги стекнат првите практични знаења, како и да добијат можност за вработување во пиварницата.
Компанијата „Карлсберг" - Србија, втора година по ред распишува конкурс за избор на најдобрите студенти од белградските и новосадските факултети, кои ќе добијат можност да ја посетат едногодишната програма на компанијата и со тоа да ги стекнат првите практични знаења, како и да добијат можност за вработување во пиварницата.
Како што се наведува во соопштението, програмата е наменета за амбициозни и успешни апсолвенти или студенти на постдипломски студии од областа на економијата, информатиката, финансиската математика, програмирањето и менаџментот на информациски системи, кои оствариле просек над 8,5 и имаат солидно познавање на англискиот јазик.
„Карлсберг" - Србија минатата година ја осмисли „Програмата за лидери на иднината" со желба да им пружи можност на одбраните кандидати да стекнат професионално искуство, да ја покажат својата способност и со самото тоа да го пронајдат своето место во компанијата на долги патеки. Над 1.000 пријавени студенти и тешката задача на жирито да ги избере најдобрите и најверните, говори за квалитетот на програмата, која значително се разликува од останатите стручни пракси што другите компании им ги нудат на студентите, истакнува Јована Младеновиќ, менаџер за комуникации во „Карлсберг" - Србија.
Можност за практично усовршување преку ангажмани во различни сектори во компанијата ќе добијат двајца најдобри кандидати. Во текот на програмата, одбраните студенти ќе имаат можност да се запознаат со целосното работење на оваа интернационална компанија преку учествување и водење на проекти во кои ќе соработуваат со вработените од различни сектори во пиварницата.