
Данскиот „Карлсберг“ се повлекува од трката за купување на словенечката „Пивоварна Лашко“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Данскиот „Карлсберг" се повлекува од трката за купување на словенечката „Пивоварна Лашко".
Главната причина за повлекување на „Карлсберг" се неговите тешкотии во врска со падот на вредноста на рубљата на рускиот пазар, кој е најголемиот продажен пазар на овој дански произведувач на пиво во источна Европа.
„Карлсберг" во Русија остварува повеќе од третина од своите приходи, па според процената на аналитичарите, падот на руската валута и руско-украинската криза можат да ги намалат приходите на компанијата од оваа година.
Според достапните информации, за повлекувањето „Карлсберг" ја извести и банката „Уникредит", така што во трката за купување на „Пивоварна Лашко" остануваат уште пет кандидати.