
Минатата година „Карлсберг Бугарија“ инвестираше речиси 3,5 милиони евра во двете пиварници во земјата, беше соопштено од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година „Карлсберг Бугарија" инвестираше речиси 3,5 милиони евра во двете пиварници во земјата, беше соопштено од компанијата.
Сумата вклучува инсталација на нов систем за ладење, што ја намалува потрошувачката на енергија и вршењето поправки, осветлување и развој на инфраструктурата во пиварницата во Благоевград. Во инвестицијата е вклучено и реновирањето и модификацијата на кег-линијата во пиварницата во Шумен, изјави Камен Алексов, маркетинг-менаџер на „Карлсберг Бугарија".
Пиварницата во Благоевград стана дел од портфолиото на данскиот концерн „Карлсберг" во ноември, 2002 година. Истата година „Карлсберг" ја купи и компанијата „Шуменско Пиво", а две години подоцна, двете фабрики се обединија во „Карлсберг Бугарија".