
За пазарот во Босна и Херцеговина компанијата „Карлсберг БХ“ стана официјален дистрибутер на оригиналното германско премиум пиво Erdinger.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За пазарот во Босна и Херцеговина компанијата „Карлсберг БХ" стана официјален дистрибутер на оригиналното германско премиум пиво Erdinger.
Со традиција долга 130 години, денес ова баварско пиво се продава во повеќе од 95 земји од светот. Мисијата на најголемата семејна пиварница, која гласи: Уживај во животот со Erdinger, успешно е остварена во Швајцарија, Велика Британија, Италија, Ирска, САД, Холандија, Канада, Бразил, Кореја, Сингапур, Кина и во многу други земји меѓу кои и во БИХ.
Годишно, Erdinger пласира 1,81 милиони хектолитри пиво, што го вбројува во категоријата најголем производител на светот. Благодарение на модерните постројки за полнење, во еден час се полнат дури 110.000 шишиња.
На пазарот во БИХ ќе биде достапно светлото пиво Erdinger во неповратно стаклено шише од 0,33 л. и од 0,5 л., како и лименка од 0,5 л. Темното пиво Erdinger ќе биде достапно во неповратно стаклено шише од 0,33 л. и 0,5 л., а безалкохолното во неповратно стаклено шише од 0,33 л. и во лименка од 0,5 л.