
Ексклузивниот носител на фарншизата „Карфур“ за југоисточна Европа, „Маринопулос груп“, според неофицијалните информации, ќе отвори најмалку два хипермаркета во Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ексклузивниот носител на фарншизата „Карфур" за југоисточна Европа, „Маринопулос груп", според неофицијалните информации, ќе отвори најмалку два хипермаркета во Србија.
Како што неодамна беше соопштено, првиот малопродажен објект на францускиот трговски синџир ќе биде отворен во втората половина од 2016 година во Нови Сад, на земјиште каде покрај хипермаркетот, се планира изградба и на дополнителни содржини.
„Маринопулос груп" планира на почетокот на 2017 година да отвори хипермаркет „Карфур" и во Нов Белград.
За операците на српскиот пазар задолжена е нивната деловна единица во Бугарија, „Карфур Маринопулос Балканс" која работи на пазарите во Грција, Бугарија, Кипар, Македонија и Албанија.