
Работата на новата фабрика на „Кандит“ во Осиек се привршува. Преселувањето на првата постројка од старата во новата фабрика почува на 17 февруари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Работата на новата фабрика на „Кандит" во Осиек се привршува. Преселувањето на првата постројка од старата во новата фабрика почува на 17 февруари.
Ова преселување ќе трае околу триесет денови,по што преселувањето сукцесивно ќе продолжи, пишува „Глас Славоније".
Првиот камен-темелник во индустриската зона Наметин поставен е пред единаесет месеци. Вкупната површина од 22.000 квадратни метри вреди повеќе од 26 милиони евра.
Ги завршивме потребните подготовки за зголемување на резервите од готови производи, за на пазарот да не се почувствуваат евентуалните недостатоци. За да го овозможиме тоа, веќе неколку месеци на нашите работници им помагаат и дополнителни 70 на одредено работно време, рече Марио Милер, директор на „Кандит".
Милер очекува дека преселувањето на целата фабрика, фаза по фаза, ќе заврши до крајот на јуни.