
Од октомври минатата година, кога управувањето со „Кандит“ го презеде менаџментот на „Сапонија“, дојде до силен пресврт во дефинирањето на деловната стратегија на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од октомври минатата година, кога управувањето со „Кандит" го презеде менаџментот на „Сапонија", дојде до силен пресврт во дефинирањето на деловната стратегија на компанијата.

Деловната 2014 година ја завршивме со приход од 26,2 милиони евра, што е за 11% повеќе во однос на претходната година, додека за првите пет месеци во 2015 година остваривме пораст на приходите од 28% во однос на истиот период лани. Со оглед на тоа што нашата стратешка цел е пораст на домашниот пазар, би сакала да истакнам дека во изминатите пет месеци остваривме пораст на продажбата во Хрватска од 35% во однос на истиот период од минатата година, изјави Дајана Мрчела, член на управата на „Кандит".
Таа додаде дека развојните маркетинг-активности во компанијата резултирале со лансирање на 69 нови и иновативни производи на пазарот, што зборува колку динамичен бил претходниот период.
Со новите линии производи осигуривме подобар настап на пазарот и тргнавме кон изградба на имиџот на компанијата со јасно дефенирање на бизнис-целите. Оваа пролет на пазарот беа лансирани повеќе од 20 производи од линијата Prestige. Целта ни беше на потрошувачите да им понудиме врвно доживување на чоколадото и бонбониерите, односно со новиот дизајн да ја заокружиме приказната во целина, рече таа.
Досегашните чоколада на „Кандит" отсега ќе ги освојуваат пазарите под новиот бренд Kandi и со нов визуелен идентитет.