
Кондиторската компанија „Кандит“ од Осиек соопшти дека ја заврши изградбата на фабриката во индустриската зона во Немeтина.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кондиторската компанија „Кандит" од Осиек соопшти дека ја заврши изградбата на фабриката во индустриската зона во Немeтина.
Како што се наведува, станува збор за фабрика што се простира на 23.000 квадратни метри. Со влогот од 20 милиони евра, ова е најголемата источнославонска инвестиција во последните десет години. Некогашниот погон на улицата „Франкопланска" во Осиек целосно е напуштен и сите 350 работници ќе бидат преместени во новите погони.
„Кандит" сега има најмодерни погони за производство на чоколада и на пазарот пласира повеќе од 100 различни производи. Последната анкета покажа дека меѓу најпродаваните чоколада во Хрватска се дури пет на „Кандит", изјавија од компанијата.
Од „Кандит" најавуваат големи вложувања и редизајнирање на чоколадата DadoиGoga.