
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кондиторската компанија „Кандит“ привршува со преселувањето во новата фабрика во индустриската зона „Неметин“, чијашто изградба почна во март минатата година. Фабриката се протега на површина од 23.000 квадратни метри, а вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра.
Кондиторската компанија „Кандит" привршува со преселувањето во новата фабрика во индустриската зона „Неметин", чијашто изградба почна во март минатата година. Фабриката се протега на површина од 23.000 квадратни метри, а вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра.
Речиси сите машини од старата фабрика веќе се преместени во новата, а во тек е преселувањето на остатокот од опремата. Како што соопштија од компанијата, во новата фабрика кон крајот на март почна производството на првите производи, а пред десетина дена се почна и со новата линија, вредна околу 3 милиони евра, при што во една смена се произведуваат 140.000 чоколада.
Од нашата нова фабрика наскоро ќе излезе и новиот производ, што потрошувачите веднаш ќе го препознаат, изјави Марио Милер, директор на „Кандит".