
Во првите девет месеци од оваа година фабриката за чоколада и бонбони „Кандит“ оствари добри деловни резултати.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите девет месеци од оваа година фабриката за чоколада и бонбони „Кандит" оствари добри деловни резултати.
„Кандит" оствари пораст на деловните приходи за 10 отсто во однос на 2013 година, а за следната година менаџментот на компанијата планира одржување на истиот тренд.
Според зборовите на Дајана Мрчела, членка во Управата на „Кандит", работењето на компанијата се одвива во динамично опкружување. Тешко можат да се очекуваат поповолни пазарни движења, но нашиот оптимизам произлегува од фактот дека во текот на следната година планираме да реализираме многу нови проекти. Бидејќи „Кандит" речиси половина од приходите ги остварува на странските пазари, порастот на продажбата ќе ја оствариме со отворање на нови пазари и јакнење на слатките производи во Шведска.
Во претходните девет месеци „Кандит" оствари пораст на извозот од 16 отсто, а најмногу, дури 83 отсто, на пазарот во Србија. Производите на „Кандит" можат да се најдат и во северните делови на Европа, со оглед на тоа што почна извоз на слатките производи во Шведска.
Со понатамошниот пораст на продажбата во Босна и Херцеговина, најважниот извозен пазар за „Кандит", следната година посебен акцент ќе ставиме и на отворањето на нови пазари и понатамошен пораст на уделот во Србија и на другите пазари во јадранскиот регион, додава Мрчела.
Мрчела нагласува дека оваа година е многу значајна за „Кандит" поради преселувањето во новата фабрика, инвестиција вредна повеќе од 20 милиони евра. Новата фабрика, со капацитет од 14.000 производи, оваа година ќе ја заврши со производство од речеси 8.000 тони, но и со многу нови производи.
| „Кандит" влегува во синџирот дрогерии „Милер"Компанијата „Кандит" на пазарот лансираше нова линија Magic Moments, лимитирана едиција чоколада, која ги поврзува најпознатите брендови на „Кандит". Од компанијата истакнуваат дека со новата линија, од неодамна, се присутни и во трговскиот синџир „Милер", што е доказ за квалитетот на производот, но и за продажната стратегија на менаџментот на „Кандит". |