
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агенцијата за плаќање во земјоделството, рибарството и руралниот развој, на фирмата „Канаан“ од Долни Михолац ѝ исплати 376 илјади евра. Со неповратните средства од ИПАРД, компанијата изгради капацитети за складирање на компирите и ја кофинансираше изградбата на деловниот простор, известуваат од Агенцијата.
Агенцијата за плаќање во земјоделството, рибарството и руралниот развој, на фирмата „Канаан" од Долни Михолац ѝ исплати 376 илјади евра. Со неповратните средства од ИПАРД, компанијата изгради капацитети за складирање на компирите и ја кофинансираше изградбата на деловниот простор, известуваат од Агенцијата.
Како што е наведено во соопштението, Агенцијата ѝ исплати 376 илјади евра на фирмата „Канаан" од Долни Михолац, која учествуваше на седмиот по ред ИПАРД, натпреварувајќи се за мерката 101 во секторот на овошје и зеленчук, со цел модернизација и достигнување на европските стандарди.
Со неповратните средства од ИПАРД, компанијата изгради капацитети за складирање на компирите и ја кофинансираше изградбата на деловниот простор, со што ќе го унапреди своето тргување и ќе го зголеми профитот.