
На паркинзите на маркетите на „Метро кеш & кери“ во седум градови во Бугарија, ќе се собира непотребна хартија за рециклирање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На паркинзите на маркетите на „Метро кеш & кери" во седум градови во Бугарија, ќе се собира непотребна хартија за рециклирање.
Со средствата собрани од акцијата, која е дел од кампањата „Не биди дрво! Спаси дрво!", ќе бидат засадени 5.000 нови дрвја. Иницијативата е заеднички проект на „Метро кеш & кери", маркетинг-агенцијата „Пачворк" и градот Варна.
Насекаде околу нас има хартија – нaтpyпaнa во канцелариите, во магацините, подрумите... нeпотребна и зaбpaвeнa. Не треба да бидеме рамнодушни кон овој факт и треба да запаметиме дека еден тон рециклирана хартија спасува 13 дрвја, велат организаторите и ги повикуваат потрошувачите да ѝ помогнат на природата и да бидат пример за идните генерации.
Хартијата ќе се собира на паркинзите на маркетите „Метро кеш & кери" во текот на октомври и ноември во: Стара Загора, Пловдив, Софија, Русе, Велико Трново, Бургас и во Варна.