
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Го поздравуваме влезот во Европската унија и искрено се радуваме што и Хрватска ќе стане полноправна членка на унијата. Со оглед на своите интернационални корени, во „Шпар“ Хрватска сме свесни за сите можности што ги нуди влезот на Европската унија и на време се подготвивме на нашите купувачи да им понудиме подобра понуда и уште поповолни цени, соопштено е од синџирот.
Го поздравуваме влезот во Европската унија и искрено се радуваме што и Хрватска ќе стане полноправна членка на унијата. Со оглед на своите интернационални корени, во „Шпар" Хрватска сме свесни за сите можности што ги нуди влезот на Европската унија и на време се подготвивме на нашите купувачи да им понудиме подобра понуда и уште поповолни цени, соопштено е од синџирот.

Со влезот на Хрватска во ЕУ и укинувањето на царината, многу артикли од асортиманот на „Шпар" можат да се купат по пониски цени. Европските доставувачи на овој трговец, од 22 април, им ги понуди на купувачите своите производи по цени што ќе важат по 1 јули.
Многу наши произведувачи се свесни за можностите што ги озвозможува пазарот од 560 милиони жители и веќе најавија корегирање на цените поради укинувањето на царината. „Шпар" и досега учествуваше во развојот и порастот на хрватските произведувачи и им даде можност своите производи да ги понудат на нашите полици – изјавија од синџирот.