
Најголемиот трговски синџир во Словенија „Меркатор“ ќе им даде посебен простор во своите маркети на најсилните брендови од своите клучни партнери, со најновата кампања, насловена „Моите брендови се најдобрите брендови“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемиот трговски синџир во Словенија „Меркатор" ќе им даде посебен простор во своите маркети на најсилните брендови од своите клучни партнери, со најновата кампања, насловена „Моите брендови се најдобрите брендови".
Кампањата се надоворзува на пролетната кампања на компанијата, чија цел беше подмладување на целната публика, а ќе се спроведува во блиска соработка со клучните партнери на „Меркатор", кои стојат зад најпопуларните словенечки брендови: „Перутнина Птуј" со Poli, „Љубљанске млекарне" со Alpsko mleko, „Жита" со Zlatno polje и „Атлантик груп" со Cockta.
Секој од парнерите во продавниците на „Меркатор" ќе добие специјален простор во различни формати и широка медиумска поддршка, на телевизија и радио и во печатените медиуми, како и огласување на отворен простор и низ дигитални канали.