
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Каменица“ ја претстави својата последна иновација - Kamenitza Cold Edge на бугарскиот пазар. Предната етикета на секое стаклено шише отсега ќе биде со посебна термичка зона, што ќе се активира на одредена температура и ќе претставува точен показател за студено пиво.
„Каменица" ја претстави својата последна иновација - Kamenitza Cold Edge на бугарскиот пазар. Предната етикета на секое стаклено шише отсега ќе биде со посебна термичка зона, што ќе се активира на одредена температура и ќе претставува точен показател за студено пиво.
Благодарение на иновацијата, обожавателите на студеното пиво само со еден поглед ќе знаат дали нивниот омилен пијалак е оладен на идеалната температура, соопштија од бугарската агенција „Њу момент ПР".
При печатењето на етикетата се користат специјални бои, што ја менуваат бојата со менување на температурата. Кога Kamenitza ќе ја достигне идеалната температура , белиот дел на предната етикета се обојува во сино , а под натписот Kamenitza се појавува сина лента и натписот Cold edge. Промените ѝ даваат поинаков изглед на етикетата, што го олеснува изборот на љубителите на ова пиво .