
Македонскиот синџир хард-дисконти „Кам“ се проширува на бугарскиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонскиот синџир хард-дисконти „Кам" се проширува на бугарскиот пазар.
Македонскиот „Алди", како што го нарекува бугарскиот портал „Регал", во јуни ќе ги отвори првите од 10 до 12 маркети во Софија. Плановите се до крајот на годинава да бидат отворени од 20 до 25 маркети, до крајот на 2017 година до 40, а до крајот на 2018 година, синџирот да ја достигне бројката до 60 маркети во земјата.
„Регал" пренесува дека основниот концепт на „Кам" е на население од 15 до 20 илјади, да има по една продавница. Плановите за Софија вклучуваат минимум 30 трговски објекти, а горната граница е од 60 до 70. По главниот град, македонскиот синџир планира да го освои и Пловдив.
Порталот пишува дека при крајот на минатата година „Кам" го купил ланецот „Диамбе" со повеќе од 20 објекти во Косово и во Албанија, па според тоа, компанијата планира освојување и на тие пазари.