
Црногорските производители најавија поскапување на кафето за 50 отсто, откако почна примената на Законот за данок на кафето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Црногорските производители најавија поскапување на кафето за 50 отсто, откако почна примената на Законот за данок на кафето.
Сопственикот на компанијата „Мокамард", Драган Марковиќ, која ги произведува кафињата Kopa и MMS, рече дека е неминовно поскапувањето на кафето и тоа за 40 до 50 отсто од моменталната цена.
Во зависност од резервите кафето може да поскапи за еден или два месеца, но штом ги снема резервите поскапувањето е неминовно, рече Марковиќ.
Тој додава дека е многу чудно што е воведен помал данок на увезеното кафе, за разлика од она што тие го произведуваат. Увезеното кафе ќе биде поевтино за 40 центи за килограм за разлика од кафето произведеното на пазарот во Црна Гора, што претставува проблем бидејќи им се дава предност на странските пред домашните кафиња, објасни Марковиќ.
И сопственикот на компанијата „Црнагоракоп", Недељко Бабиќ, се сложува дека е неизбежно поскапувањето на кафето, додавајќи дека малопродажната цена на кафето Crnagorakop наскоро ќе биде одредена.
Кафето ќе биде поскапо, бидејќи даночните обврски се поголеми од чинењето на кафето, рече Бабиќ.