
На местото извршен директор за Стратешко-дистрибутивното подрачје во Хрватска, на менаџментот на тимот на „Атлантик група“ му се придружи Славен Ромац.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На местото извршен директор за Стратешко-дистрибутивното подрачје во Хрватска, на менаџментот на тимот на „Атлантик група" му се придружи Славен Ромац.
На оваа позиција во „Атлантик група" доаѓа од местото директор на компанијата „Кока-кола хеленик" за пазарот во БиХ. Деветгодишната кариера на Ромац ја обележаа успешните резултати од низата функции внатре во системот, од оперативните до водечките позиции во „Кока-кола".
Пред „Кока-кола", Ромац ја водеше продажбата на меѓународните пазари во „Даламацијавино".
Со преземањето на позицијата главен директор за Стратешкото-дистрибутивно подрачје во Хрватска, Ромац ја презема одговорноста за стратешкиот развој и надзор на сите деловни активности на ова стратешко подрачје. Со новата функција станува член на Стратешко-деловното собрание на „Атлантик група", кое расправа за виталните стратешки и оперативни корпоративни прашања, се наведува во соопштението.