
За да го зајакне развојот и да го унапреди работењето, „Подравка“ направи промени во раководството на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За да го зајакне развојот и да го унапреди работењето, „Подравка" направи промени во раководството на компанијата.

Владимир Буниќ, од претседател на управата на „Мирна", е именуван за потпретседател на синџирот за набавка. На новата позиција потпретседател за интернационалните пазари е Данијел Коцијан, кој претходно беше претседател на управата на „Подравка" – Полска. Третиот нов потпретседател е Ведран Шимуновиќ за секторот корпоративен маркетинг, развој и комуникации.
Дамир Перлог е именуван за директор на пазарот на Источна Европа, а Маријан Лисјак – за директор на секторот логистика.