
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Тина Слабе е новиот менаџер за продажба во дивизијата производи за широка потрошувачка во „Лореал“ – Словенија, а досегашната директорка на оваа дивизија Јадранка Барлиќ ќе биде директор на категоријата производи во „Лореал“ за јадранскиот регион.
Тина Слабе е новиот менаџер за продажба во дивизијата производи за широка потрошувачка во „Лореал" – Словенија, а досегашната директорка на оваа дивизија Јадранка Барлиќ ќе биде директор на категоријата производи во „Лореал" за јадранскиот регион.
Слабе дипломирала на универзитетот „Бригам Јанг" во Јута, САД, а својата кариера ја започнала во „Каунтерпарт интернешнал" во Вашингтон.
По враќањето во Словенија, најпрвин работела во секторот продажба и маркетинг за англиско говорно подрачје во „Превент глобал", а потоа го превзема водењето на набавки и продажба во ТКГ.
Последните пет години била менаџер во одделението за клучни купувачи во „Кока-Кола Хеленик" – Словенија.
Јадранка Барлиќ пак од сега ќе го води цел јадрански регион, каде спаѓаат Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија.
Барлиќ работи во „Лореал" – Словенија од основањето на компанијата, а во последните шест години била одговорна за маркетинг и продажба на производи за широка потрошувачка.