
По пласманот на рускиот пазар, производите од прехранбената индустрија „Јумис“ од февруари се наоѓаат и на пазарот во Белорусија. Супите и зачините на „Јумис“ за една недела ќе се најдат и во малопродажните објекти во Сомалија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По пласманот на рускиот пазар, производите од прехранбената индустрија „Јумис" од февруари се наоѓаат и на пазарот во Белорусија. Супите и зачините на „Јумис" за една недела ќе се најдат и во малопродажните објекти во Сомалија.
Проширувањето на извозот овде не завршува – во април „Јумис" со помош на регионалниот партнер „Орбико", ќе ја пласира целокупната палета на производи на пазарот во Романија.
Со цел постигнувње на високи стандарди и гаранција на квалитетот на производите, „Јумис" континуирано инвестира во проширување на постоечките капацитети, за да ги задоволи потребите на купувачите. Во почетокот на април на пазарот ќе се најдат четири видови на нудли со врвен квалитет и редизајнирана амбалажа на супите, со што дополнително ќе го збогатиме портфолиото на производи и пазарната позиција, рече директорот за продажба, Милан Марковиќ.
„Јумис" неодамна успешно го заврши тестирањето за меѓународниот сертификат за безбедност на храната ИФС, како потврда за сигурноста и квалитетот на производите. Овој сертификат е признаен од трговците, услужните компании и производителите низ целиот свет.