
„Карлсберг“ - Србија одбележа 125 години од основањето на пиварницата во Челарево, која веќе 14 години е во состав на данската групација.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карлсберг" - Србија одбележа 125 години од основањето на пиварницата во Челарево, која веќе 14 години е во состав на данската групација.
Главен настан на прославата беше промовирањето на монографија „Чудото во Чиб", во која е претставена историјата на пиварницата и нејзиниот придонес за развојот на културата во Војводина.
Со доаѓањето во некогашен Чиб, денес Челарево, наследивме и 125 години богата историја. Наша должност е да искажеме благодарност и по повод овој голем јубилеј да ја раскажеме приказната за наследената оставина, пиварницата и пивото, рече на промоцијата Владимир Вава, генерален директор на „Карлсберг" - Србија.
Од 2003 година „Карлсберг" во Србија вложил околу 220 милиони евра, од кои 60 милиони за купување на пиварницата во Челарево. За оваа година компанијата најави инвестиција од 6 милиони евра. Во нивното портфолио се вбројуваат пивата LAV, LAV 7, Tuborg Green; Holsten и Carlsberg.