
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Оваа година „Јапан Тобако Интернационал“ (ЈТИ) во Србија од одгледувачите на тутун очекува да откупи 3.680 тони од видовите „Вирџинија“ и „Берлеј“ засадени на вкупно 1.803 хектари земјиште, што е за 80 хектари повеќе засаден тутун отколку минатата година, соопштија од компанијата.
Оваа година „Јапан Тобако Интернационал" (ЈТИ) во Србија од одгледувачите на тутун очекува да откупи 3.680 тони од видовите „Вирџинија" и „Берлеј" засадени на вкупно 1.803 хектари земјиште, што е за 80 хектари повеќе засаден тутун отколку минатата година, соопштија од компанијата.
Просечниот принос што се очекува треба да биде на ниво од минатогодишниот – околу 2.050 килограми по хектар, што за ваква сушна година е задоволително, истакнува Жељко Ананиќ, шеф на производство на тутун во фабриката на ЈТИ. Тој додаде дека минатата година ЈТИ извезол тутун во ЕУ вреден околу 11 милиони долари, како и тоа дека, споредено со првата половина од минатата година, оваа година извозот е зголемен за 46%: Она што го прави производството на тутун одржливо е усвојувањето на тригодишна стратегија за одгледување тутун, што од една страна им дава сигурност на фармерите, а од друга обезбедува прегледност на деловното опкружување, што е од најголемо значење за инвеститорите.
Како што истакнуваат од компанијата, ЈТИ соработува со околу 400 одгледувачи на тутун и таа соработка подразбира поддршка за фармерите во сите фази на производство на тутун. Оваа година се воведени интензивни тренинзи за фармерите во текот на целата вегетациска сезона за квалитетна примена на сите агротехнички мерки.