
Во Словенија почна да работи првиот омбудсман за храна, односно „заштитник на внатрешните односи во доставувачкиот прехранбен синџир“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Словенија почна да работи првиот омбудсман за храна, односно „заштитник на внатрешните односи во доставувачкиот прехранбен синџир".
Ова е називот на личноста која, во рамките на министерството за земјоделство, ќе биде одговорна за коректните односи меѓу земјоделците, преработувачката индустрија и трговските синџири.
На оваа позиција Владата го именуваше деканот на Вишото земјоделско училиште од Ново место, Јоже Подгоршек. Станува збор за должност со петгодишен мандат.
Мојата цел е да воспоставам коректни односи меѓу сите учесници во агро-синџирот, од производителите до потрошувачите и да осигурам почитување на законот, изјави Подгоршек при преземањето на должноста. Купувачите треба да се освестат дека храната произведена во Словенија е посигурна и подобра од увезената, додаде тој.