
Продавница за домашни специјалитети, на повеќе од 400 квадратни метри, отворена е во загрепската „Хондлова улица“ бр.2, а во план е отворање на уште една во центарот на градот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавница за домашни специјалитети, на повеќе од 400 квадратни метри, отворена е во загрепската „Хондлова улица" бр.2, а во план е отворање на уште една во центарот на градот.
Пашко сирење од Дрниш, чоколадо од Раб и загорски млинци. Сè е домашно и еколошки подготвено од природни и органски производи и сето тоа може да се најде во продавницата „Јелоу три", новиот центар на хрватските деликатеси.
Собравме повеќе од 100 мали произведувачи, кои своите производи можат да ги понудат исклучиво на саеми. Целта ни е на купувачите да им понудиме квалитетни производи од малите хрватски произведувачи, изјави Слаџана Вукоја претставник на продавницата.
Во продавницата посебно се истакнат вината кои се поделени по региони. Потоа, тука се сувомеснатите производи, меѓу кои е пршутата, која се продава по цена од 120 до 250 куни за килограм и ќебапи по 100 куни за килограм.
Освен храна се продава и козметика, па така достапни се природните сапуни Брач и мирисливата сол од Нин. Единствените производи кои не се хрватски се белгиските и холандските пива.
Ова е првата продавница, ќе отвориме една во центарот на Загреб, па потоа уште по една во Сплит и Риека, бидејќи мислиме дека тоа е одличен мамец за туристите. Целта ни е да се прошириме и во Виена и таму да ги претставиме хравтските производи, објаснува Вукоја.