
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Свеченоста „Најдоброто од Србија 2014“ по единаесетти пат се одржа на 9 јуни во халата „Белекспоцентар“. Стопанската комора на Србија (ПКС), Министерството за трговија и весникот „Привредни преглед“ ги избраа најдобрите 24 брендови на српскиот пазар за минатата година.
Свеченоста „Најдоброто од Србија 2014" по единаесетти пат се одржа на 9 јуни во халата „Белекспоцентар". Стопанската комора на Србија (ПКС), Министерството за трговија и весникот „Привредни преглед" ги избраа најдобрите 24 брендови на српскиот пазар за минатата година.
Со изборот и промоцијата на најдобрите придонесуваме за поголема препознатливост на нашите компании и производи и за нивно подобро позиционирање на домашниот и на странските пазари, градејќи слика за Србија како на земја на успешни приказни, рече Марко Чадеж, претседател на ПКС.
Слоганот на годинешниот натпревар гласеше „Најдоброто е во луѓето", а на конкурсот се пријавија 160 трговски и корпоративни брендови.
Во категоријата пијалаци, за најдобар трговски бренд беше прогласено пивото Jelen, а Nectarза најуспешен корпоративен бренд. Најдобра трговска марка е Premia на компанијата „Делез" – Србија.
Дванаесет брендови од категоријата стока за широка потрошувачка добија можност да бидат изложени во посебно одбележан простор во продажните синџири: „Дис", „Меркатор С" („Идеа"), „Веропулос", „Универекспорт", и „Метро кеш &кери". Оваа поддршка на пазарот ја заслужија: Plazma, маслото Iskon, Čuveno Kikindsko brašno, кечапот Polimark, супите Yumis, пивото Jelen, Nectar Life, Ваљевско Пиво, виното Trijumf Aleksandrović, детергентот Merix, омекнувачот Bohor и лепилото Oho.
Победниците имаат право да го користат логото „Најдоброто од Србија" на производите, како знак за квалитет и доверба, на промотивните и на маркетинг-материјалите.
Годинава за првпат беа наградени и две манифестации што ја промовираат Србија како атрактивна дестинација, а тоа беа Belgrade Beer Fest и Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад.
Најдобриот извозник во категоријата мали и средни претпријатија е Институтот РТ РК од Нови Сад, а меѓу големите компании тоа е „Алфа-Плам" со две признанија.
Жељко Сертиќ, министер за стопанство, изрази големо задоволство од резултатите на конкурсот бидејќи, како што истакна, во тие компании работат луѓе кои со своите труд, идеи и таленти создаваат брендови со кои Србија се гордее: Се надевам дека креативните идеи, талентираноста на луѓето и успесите што ги постигнуваат овие компании ќе бидат поттик и за другите претприемачи.
Победниците беа избрани врз основа на три групи критериуми: пазарно-финансиските резултати, перцепцијата на потрошувачите и мислењето на стручното жири. За омилениот бренд годинава гласаа речиси 6.000 потрошувачи и претставници од стручната јавност.