
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со преземањето на „Пекарна Гросупље“, „Дон дон“ стана најголемиот регионален играч во пекарската индустрија. Најважниот фокус во 2016 година ќе биде консолидација на процесите и производството во Словенија, Хрватска и Србија, но и развој на сопствената малопродажба.
Со преземањето на „Пекарна Гросупље", „Дон дон" стана најголемиот регионален играч во пекарската индустрија. Најважниот фокус во 2016 година ќе биде консолидација на процесите и производството во Словенија, Хрватска и Србија, но и развој на сопствената малопродажба.
Интеграцијата на „Пекарна Гросупље" во групацијата „Дон дон", во октомври 2015 година, овозможи подеднаква стабилност во сите делови на компанијата, но со тоа се постави и добра основа за идна експанзија. Во 2016 година, „Дон дон", заедно со „Пекарна Гросупље" планираат годишен промет од 100 милиони евра, со што ќе го заземат првото место меѓу пекарските производители во регионот.
На ниво на системот „Дон дон", во 2015 година имавме 65 милиони евра консолидиран приход и добивка од 9 милиони евра. Во споредба со 2014 година кога имавме 61 милион евра консолидиран приход и добивка од 8 милиони евра, изјави Алеш Мозетич, генерален директор на „Дон дон".
„Дон дон" вработува 1.400 луѓе и ангажира дополнителни 400 партнери во дистрибуцијата.