
Сопственикот на најголемиот словенечки трговски синџир, Мирко Туш, функцијата нов директор на групацијата му ја довери на Јанез Видемшек, кој на оваа функција е од 1 ноември.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сопственикот на најголемиот словенечки трговски синџир, Мирко Туш, функцијата нов директор на групацијата му ја довери на Јанез Видемшек, кој на оваа функција е од 1 ноември.
Досега Видемшек беше на позицијата директор за безбедност, а со новата функција ќе биде задолжен за оперативно водење на групацијата „Туш".
Годинава ја завршуваме со реновирање на 25 продавници, а продолжуваме и со зацртаната стратегија за развој, при што се насочуваме на трговскиот сегмент. Имаме јасна визија – да станеме трговски синџир на најзадоволните и лојалните потрошувачи, поради што потрошувачот и понатаму ќе биде нашиот приоритет во сите активности. Мирко и Тања Туш остануваат на позициите директор и прокурист, стои во соопштението на компанијата.