
Сите 146 вработени во „Јагодинска пивара“ доброволно се пријавија за заминување од фабриката преку социјалната програма, поради можното воведување стечај. Тоа е го потврди претседателот на синдикатот на фабриката Југослав Ѓурѓевиќ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сите 146 вработени во „Јагодинска пивара" доброволно се пријавија за заминување од фабриката преку социјалната програма, поради можното воведување стечај. Тоа е го потврди претседателот на синдикатот на фабриката Југослав Ѓурѓевиќ.
Од Министерството за стопанство ни рекоа дека има заинтересирани за купување на пиварницата што ќе биде под стечај и без работници и дека потоа ќе почне со работа, изјави Ѓурѓевиќ.
Сметката на „Јагодинска пивара" е блокирана од 2 јуни 2015 година поради долг поголем од 7,43 милиони евра без камата.
Да потсетиме, работниците во „Јагодинска пивара", на 27 мај минатата година штрајкуваа поради незадоволство што државата не ја смести пиварницата во групата заштитени компании. Тогаш и се одржаа повеќе состаноци меѓу претставници на синдикатот и раководството на пиварницата со претставници од Министерството за стопанство, каде што им беше советувано дека најдобро решение пиварницата да оди во стечај, а работниците да ја прифатат социјалнта програма.