
Трговскиот синџир „Јагер“ што работи во рамки на компанијата ДОО „Јаргос“, на 16 јануари ја отвори својата јубелејна 30-та продавница, супермаркетот „Јагер Брасловче“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Јагер" што работи во рамки на компанијата ДОО „Јаргос", на 16 јануари ја отвори својата јубелејна 30-та продавница, супермаркетот „Јагер Брасловче".
Во новата продавница што се простира на 2.300 квадратни метри, вработени се 15 луѓе. Потрошувачите можат да најдат широк асортиман на намирници за секојдневна употреба, свежо месо, како и голема понуда на бела техника, акустика, рачен алат и програма за градина. Во рамки на новиот објект има и текстилна продавница „Јагер", фризерски салон и кафе-бар.
Објектот е изграден во соработка со општината Брасловче, што во објектот доби книжарница и сала за културни манифестации. Инвестицијата се проценува на 2,5 милиони евра.
„Јаргос" поседува 30 продавници, 8 технички центри и 13 текстилни продавници. За следниот период најавува проширување на продажната мрежа.