
Компанијата „Јафа“ од Црвенка вчера ја купи „Банини“ по почетната цена од 15 милиони евра (1,86 милијарди динари), потврди Драгана Галиќ, стечајна управничка на „Банини“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Јафа" од Црвенка вчера ја купи „Банини" по почетна цена од 15 милиони евра (1,86 милијарди динари), потврди Драгана Галиќ, стечајна управничка на „Банини".
Документација за учество на лицитацијата за купување на кондиторската фабрика „Банини" од Кикинда, која беше во стечај, зедоа четири српски компании – месната индустрија „Матијевиќ" од Нови Сад, „Галеника фитофармација" од Белград, „Бамби" од Пожаревац и „Јафа" од Црвенка.
Стопанскиот суд во Зрењанин одлучи фабриката да се продаде, затоа што на барање на банката „Сосиете женерал", е во стечај од април минатата година. Оваа банка бараше да се почне стечај за да ги наплати своите побарувања од околу 15 милиони евра, бидејќи поинаку не можеше да ги врати позајмените пари.
Проблемите на оваа фабрика почнаа во 2010 година, кога „Банини" се задолжи во банките поради изградбата на нов погон на Теремиски пат. Набргу, почнаа да стигнуваат високите рати за кредити, кои постојано се зголемуваа, па фабриката сè повеќе запаѓаше во долговите што ја доведоа до стечај.
Бојан Кнежевиќ, генерален директор на „Јафа", по аукцијата рече дека одлуката за купување на „Банини" не била лесна, бидејќи почетната цена била висока.
Да беше пониска цената, ќе имаше повеќе купувачи. „Банини" е во големи проблеми, а во стечај е затоа што има повеќе од 40 милиони евра долг кон банките и повеќе од 10 милиони евра долг кон доставувачите, вели тој и додава дека планира да го врати целото производство на „Банини" со истиот асортиман, а 500 вработени ќе бидат вратени на работа.