
Најголемата словенечка винарница „П & Ф Јерузалем Ормож“ минатата година имаше извоз од речиси три милиони шишиња вино и го прими своето 74-то меѓународно признание.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемата словенечка винарница „П & Ф Јерузалем Ормож" минатата година имаше извоз од речиси три милиони шишиња вино и го прими своето 74-то меѓународно признание.
Го зголемивме приходот на странските пазари за 3,2 милиони евра, што е за 342% повеќе од 2012 година, рече директорот Митја Херга.
Целта на компанијата е да продаде 6 милиони шишиња вино. Поголема продажба очекуваме од извозот на пазарите во Хрватска, Германија, Велика Британија, Русија и Холандија. На домашниот пазар сакаме да достигнеме пораст на продажбата од 6 до 8%, рече Херга.
Компанијата минатата година на домашниот пазар оствари за 11% поголем приход во однос на 2012 година. На зголемениот приход компанијата е многу горда, особено ако се земе предвид дека во текот на кризата, зголемувањето на пазарот оди многу тешко.
Во 2013 година винарницата имаше пресврт на англискиот пазар, така што од изминатата есен успеа да се приближи кон најголемиот англиски трговски синџир „Теско", каде што има намера да испорача уште 500.000 шишиња вино.