
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот гигант „Агрокор“ и словенечкиот „Меркатор“ вчера официјално го потпишаа договорот за соработка, што е последниот документ во оваа фаза од трансакцијата, врз основа на договорот за продажба на 53,12% од акциите, со што компанијата ја презема хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ за 240 милиони евра.
Хрватскиот гигант „Агрокор" и словенечкиот „Меркатор" вчера официјално го потпишаа договорот за соработка, што е последниот документ во оваа фаза од трансакцијата, врз основа на договорот за продажба на 53,12% од акциите, со што компанијата ја презема хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ за 240 милиони евра.
Новопотпишаниот договор на „Агрокор" и „Меркатор" дефинира како ќе се одвива соработката меѓу управите на двете компании во периодот до затворањето на трансакцијата со која „Агрокор" ќе стекне сопственост на мнозински удел акции во „Меркатор".
Според Тони Балажиќ, претседателот на управниот одбор на „Меркатор", Управата поддржува соработка само кога е во прашање меѓународен капитал а не долг, ако банките го поддржуваат процесот и ако стратегијата на „Меркатор" овозможува понатамошен развој. Мислиме дека со договорот сите овие работи се обезбедени и сметам дека ќе можеме да се фокусираме на нашата основна дејност, а тоа е трговијата, истакна тој на прес-конференција по повод продажбата на „Меркатор".
Детали од договорот не се открија, но се истакна можноста „Меркатор" да го задржи седиштето на компанијата во Словенија, како и брендот на оние пазари каде што е добро позициониран.