
Делегација на Градот Јагодина, заедно со претседателот на собранието на градот Драган Марковиќ, ја посетија компанијата за производство на сирење „Ин Алпи“ во Торино.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Делегација на Градот Јагодина, заедно со претседателот на собранието на градот Драган Марковиќ, ја посетија компанијата за производство на сирење „Ин Алпи" во Торино.
Делегацијата ја прими сопственикот на компанијата Амброџио Инвержи, а во разговорот договорена е изградба на фабрика за сирење и млеко во прав во Јагодина.
Договорот за изградба треба да биде дефиниран кон крајот на февруари или почеток на март во Јагодина.
Марковиќ ги потсети домаќините дека во Јагодина веќе работат пет фабрики од италијански компании, кои вработуваат 1.000 луѓе.
Ниту еден италијански инвеститор не си заминал од Јагодина, ниту од Србија и тоа е причина да имате доверба во нашиот град, рече Марковиќ во Торино.
Инвернижи вети дека со својот тим ќе го посети градот Јагодина, и тогаш ќе се донесе конечната одлука за изградба на фабрика.
Мојот тим беше во Јагодина и сите оцени се позитивни. Верувам дека ќе почнеме со реализација на овој план, рече Инвернижи.
Минатата година компанијата „Ин Алпи" оствари промет од 130 милиони евра. Произведува осум видови сирење и млеко во прав.