InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Резултатите од првото истражување Best Buy Award во Србија, што го спроведе швајцарската организација ИЦЕРТИАС, врз основа на искуството и задоволството на граѓаните, односно цените и квалитетот на производите и услугата на пазарот, покажува дека производите и компаниите како што се Bambi, Nivea или Opel за Србите се најдобар пример и типичен симбол за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.

Истражувањето во Србија е спроведено во текот на октомври годинава и опфати 57 различни економски категории во сектори како што се: малопродажба, храна, обувки, козметика, домашни апарати, телекомуникации, финансии и многу други.
Прашањата во истражувањето се отворени. На пример, испитаниците во анкетата во категоријата чоколада го добиваа следново прашање: Наведете го називот на чоколадата која на основа на вашето лично искуство и мислење има најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на српскиот пазар. Најчестиот одговор на ова прашање беше Milka. Во категоријата креми за лице, првото место го освои Nivea, додека во категоријата спортски обувки, првото место му припадна на Adidas.
Еве ги и победниците во неколку други категории: