
Рокот за доставување на пријави од заинтересираните за приватизација на компанијата „Агрожив“, истече на 28 април.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Рокот за доставување на пријави од заинтересираните за приватизација на компанијата „Агрожив", истече на 28 април.
Сопственик на компанијата за производство на месо беше јавното претпријатие „Србијагас", а од неодамна сопственик е државата.
Пред неколку години „Агрожив" се соочи со сериозни проблеми, кога беа организирани и протести од работниците и престанок на производството. Во 2014 година, белградската фирма „БГ Мибрас", ги закупи погоните, но до крајот на декември минатата година не почна производството на месо, а работниците добија принуден одмор.
Во меѓувреме, за да се намали побарувачката на доверителите, судските извршители ги продаваа опремата и камионите, а дел од подвижниот имот ќе биде понуден на продажба во мај годинава.