
На институтот „Руѓер Бошковиќ“ (ИРБ) беше претставена соработката на водечката научно-истражувачка институција во Хрватска со „Атлантик група“, за развој на нов производ од категоријата витамински напивки Cedevita.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На институтот „Руѓер Бошковиќ" (ИРБ) беше претставена соработката на водечката научно-истражувачка институција во Хрватска со „Атлантик група", за развој на нов производ од категоријата витамински напивки Cedevita.

Во рамките на партнерството, ИРБ ќе соработува во активностите на групацијата за формулациско и технолошко-дизајнерско усовршување на новиот производ. Проектот делумно е финансиран и од фондовите на ЕУ, за кој се одобрени грантови во износ од 10 милиони куни (повеќе од 1,3 милиони евра), а вкупната вредност на инвестицијата за новиот нискокалорична витаминска напивка извесува повеќе од 19 милиони куни (2,6 милиони евра).
Тоа што е особено значајно во овој чекор на развој, е соработката со експерти од најистакнатата здравствена установа во земјава – ИРБ, како и успешниот проект за повлекување на неповратни средства од ЕУ, практика што сите во земјава сакаме да ја видиме во поголема мера, изјави Емил Тедески, претседател на управата на „Атлантик груп".
Во проектот за соработка на Cedevita, вклучени се два завода од Иститутот – Заводот за органска хемија и биохемија и Заводот за молекуларна медицина. Соработката ќе се реализира преку две фази, кои вклучуваат индустриско истражување и експериментален развој на новиот производ. На проектот, ИРБ ќе соработува и со интердисциплинарен истражувачки тим од 12 научници од областите хемија, молекуларна биологија и биомедицина, а активностите ќе се темелат на три посебни модули за анализа и за формулирање на новиот производ.