
На 10 ноември отворен е првиот продажен објект во Кањижа, на ул. Дамњаниќева“ бр.21 со што трговскиот синџир „Универекспорт“ продолжи со ширењето на продажната мрежа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 10 ноември отворен е првиот продажен објект во Кањижа, на ул. Дамњаниќева" бр.21 со што трговскиот синџир „Универекспорт" продолжи со ширењето на продажната мрежа.
На жителите на Кањижа, новиот „Универекспорт" им нуди асортиман од над 8.000 производи, достапен на продажна површина од 1.200 квадратни метри. Посебен акцент е ставен на здравата и органска храна и свежото месо. Потрошувачите ќе бидат услужени на три каси.
На денот на отворањето за потрошувачите им беа подготвени подароци, гратиси и многубројни изненадувања. Освен редовните акциски намалувања, имаше многу специјални намалувања на денот на отворањето, што ќе траат и во наредните седум дена. Тоа што е многу важно за потрошувачите е можноста за купување на одложено плаќање од 180 дена, за кој било износ, како и можноста за добивање на Потрошувачката картичка кој ќе биде интересна и корисна за идните купувања, истакнаа од компанијата.
| Повеќе од 20 милиони евра инвестиции Објектот „Универекспорт" во Кањижа е еден од вкупно осумте новоотворени објекти во овој месец во Војводина. Се очекува „Универекспорт" да ја отвори својата врата и во Ада, Суботица, Апатин, Кула и во Врбас.Групацијата „Универекспорт" со своите зависни правни лица, тековната година ќе ја заврши со вложувања на повеќе од 20 милиони евра, како и со својот преседан кој е направен со купувањето на „Лурди" и „Ангропромет", каде што српска фирма купува фирма со странско сопствеништво, изјавуваат од компанијата. |