
Месната индустрија „Брајловиќ“ пушти во погон современа технологија за сушење на трајните ферментирани производи, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 350.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
.jpg>)Месната индустрија „Брајловиќ" пушти во погон современа технологија за сушење на трајните ферментирани производи, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 350.000 евра.
Новиот погон за сушење на трајните ферментирани производи е значајна, затоа што сушењето се одвива преку ладно димење и зреење во коморите под контролирани услови.
По тој повод, компанијата организираше конференција за новинари и разгледување на производствените погони.
Месната индустрија „Брајловиќ" е домашен лидер во производство и продажба на трајните сувомесни производи. Со воведување на современа технологија за сушење, дополнително ќе ја зајакнеме позицијата. Предноста на технологијата на ладно сушење е што на тој начин се подобрува квалитетот на производот, се исклучуваат надворешните фактори, односно влагата и температурата итн. Овие производи ќе се пакуваат во амбалажата flow pak со контролирана атмосфера и на пазарот ќе се пласираат во нов дизајн со препознатлива зеленa боја, изјави Самир Брајловиќ, директор за маркетинг во компанијата.
Од компанијата потсетуваат дека квалитетот на производите на „Брајловиќ" е потврден со имплементацијата на стандардите ХАЦЦП, Халал и ИСО, кои овозможија пласман на производите во Србија, Македонија и Црна Гора.
Преку компанијата „Брајловиќ" – Австрија, која од неодамна е во сопствеништво на „Адриатик груп", производите веќе девет години се присутни во земјите на Европска унија. Инаку, со гордост, секогаш ја истакнувам семејната традиција на работењето во месарството кое трае од 1945 година, истакна Хамид Брајловиќ, сопственик и генерален директор на компанијата (на сликата).