
Како што овие денови пренесуваат медиумите во Србија, францускиот трговски синџир „Интерекс“ е блиску до склучување на договор за продажба на своите девет продавници во Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како што овие денови пренесуваат медиумите во Србија, францускиот трговски синџир „Интерекс" е блиску до склучување на договор за продажба на своите девет продавници во Србија.
Во 2012 година „Интермарше" се повлече од Романија, а минатата година од Косово и од Босна и Херцеговина. Засега се чека одобрување од комисијата за заштита на конкуренцијата за супермаркетите во Србија да ги продаде на домашниот трговски синџир „Аман".
Отсега, како што пренесуваат француските медиуми, трговскиот синџир ќе се фокусира на матичниот пазар и на земјите од Западна Европа и единствено во Полска ќе продолжи да ја развива својата продажна мрежа. Тоа не е големо изненадување со оглед на тоа што во Полска „Интермарше" е еден од најголемите трговски синџири кој брои повеќе од 220 супермаркети.
За InStore од седиштето во Србија сè уште не е потврдена оваа информација.