
„Интерекс“ во Србија тргува веќе десет години, а освен објектите во Чачак, Белград, Ниш, Обреновац, Зајечар, Шапц и Ваљево, планира да отвори и нови продавници, пренесува „Чачански глас“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Интерекс" во Србија тргува веќе десет години, а освен објектите во Чачак, Белград, Ниш, Обреновац, Зајечар, Шапц и Ваљево, планира да отвори и нови продавници, пренесува „Чачански глас".
Секако дека постои план за проширување на пазарот во Србија. Има простор за развој и во градовите каде што веќе делуваме, особено во Белград, каде за сега има само два објекта, а реално имаме потреба уште од два или три. Во Ниш ни недостига барем еден. Планираме да ја „покриеме" и Сремска Митровица, каде што објектот веќе е пред крај со изградбата. Планираме да го освоиме пазарот и во Кула и Крушевац. Поради кризата, динамиката на развојот е малку коригирана. Сакаме да се развиваме постепено, за одредено време, на пример за 5 години, да имаме дваесетина објекти во Србија, рече Александар Крстиќ, директор за единиците Чачак и Ваљево.
Тој потсетува дека за десет години работа „Интерекс" успеа да стекне лојални купувачи, кои го препознаваат стремежот да им излезе во пресрет, нудејќи голем број артикли по поволни цени. Купувачите се уверија во квалитетот на трговските марки: Labell, Netto, Top budget, Bouton d’or, Fiorini, Ivoria, Planteur, Apta и Ecauto, што се произведуваат во Франција.