
Во пресрет на четвртиот FMCG Summit – Белград, ви го пренесуваме интервјуто со Метју Браун, футуролог за малопродажба и ексклузивен говорник на конференцијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во пресрет на четвртиот FMCG Summit – Белград, кој во организација на магазинот InStore, ќе се одржи на 23 ноември во хотелот „Краун плаза", ви го пренесуваме интервјуто со Метју Браун, футуролог за малопродажба и ексклузивен говорник на конференцијата.
Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs
Метју Браун е сопственик на лондонската креативна агенција „Ехочембер", која од основањето во 1999 година, ги следи иновациите на светските трговски пазари и еволуцијата на потрошувачките трендови. Редовно е главен говорник на глобалните конференции за малопродажба, вклучувајќи го и гостувањето на годинешниот саем „Ануга", кој неодамна се одржа во Келн.
„Ехочембер" укажува на глобалните примери на добра практика и нуди креативна анализа за трговците, помагајќи им да развијат или да се приспособат на светските стандарди врз основа на најзначајните потрошувачки трендови.
Агенцијата, на чело со сопственикот, соработува со трговци, како што се „Вестфилд", „Маркс & Спенсер" и „Теско" повеќе од 10 години, помагајќи им да развијат нови концепти и да бидат информирани за актуелните иновации во секторот. Меѓу клиентите на агенцијата се и компании како „Најк" и „Икеа", како и гигантите од секторот стоки за широка потрошувачка – „Унилевер", „Џонсон & Џонсон", потоа глобални синџири на трговски центри и други.
За почеток, објаснете им на нашите читатели што е Вашата работа? Како работата се промени и се приспособи на новите услови во трговијата, но и на однесувањето на потрошувачите?
Мојата работа е да патувам по светот и да го набљудувам трговскиот сектор. Веќе речиси 20 години, посетувам градови и продавници низ целиот свет со мојата камера и ги анализирам и бележам искуствата на трговците. Многу работи се променија за тоа време, особено по глобалната криза во 2008 година и по пронаоѓањето на ајфонот. Трговскиот сектор се менува побрзо од кога било досега и иднината на физичките продавници секојдневно одново се пишува. Мојата работа мораше да се приспособи, бидејќи клиентите сакаат да ги разберат тие промени, да сфатат што значат тие за нив и како можат да се приспособат кон нив и да опстанат. Оттука, мојата работа е да ги презентирам трендовите на конференции и на работилници, да ги консултирам клиентите за специфични проекти и да организирам малопродажно сафари, односно да ги водам клиентите на тури по најдобрите светски трговски градови.
Со оглед на тоа што работата, како што кажавте, ви е да укажувате на трендовите, може ли да ни кажете кој е клучниот за трговијата во 2017 година?
Клучниот тренд за годинава е повторно процут на т.н. „погодни продавници" (convenience stores), кои на потрошувачите ќе им овозомжат вистински „пријатни" производи и услуги, без разлика дали тоа е во онлајн или во офлајн продажбата. Ова се однесува на трговијата со храна, но може да се примени и на другите сектори. Како пример, би ги навел „Амазон" и „Алибаба", како и бројни старт-ап бизниси, од „Хелоу фреш", „Блу ајпрон" и „Уберитс".
Трговскиот сектор се менува побрзо од кога било досега и иднината на физичките продавници секојдневно одново се пишува.
Дали овој тренд беше очекуван, или Ве изненади?
Големото изненадување на „Амазон" годинава – продавницата без каси „Амазон гоу", каде што плаќате со мобилен телефон, ќе биде револуционерна промена (ако некогаш биде отворена за јавноста). Неговата аквизиција со „Хол фудс" и банерите „Амазон фреш" и „Амазон букс", како и услугата Amazon Pick up – претставуваат вистинска трговска револуција.
Како дигиталноста влијае на трговската сцена и на потрошувачите?
Мобилниот телефон ја промени трговијата засекогаш, затоа што овозможува навистина лична врска со потрошувачот, на еден целосно нов начин. Пренагласената реалност (exaggerated reality) ќе биде следната иновација што ќе се користи во малопродажбата. Многу застрашувачка иновација ќе биде трговскиот Шазам (апликација за препознавање музика), при што ќе може да го вперите телефонот на кој било производ, кој сте го виделе каде било во светот и на тој начин да го препознаете и да го купите. Технологијата Bixby, што ја развива „Самсунг" е многу блиску до тоа.
На кој начин трговците би требало да одговорат на предизвиците на дигиталната ера, односно на онлајн наспроти, офлајн-потрошувачите?
Трговците треба да им овозможат на потрошувачите да купуваат, едноставно и брзо да се поврзуваат на кој било канал за купување, што го сакаат во тој момент. Малопродажните објекти сè повеќе стануваат места во кои потрошувачите го развиваат искуството, а не места каде што само може да купат некој производ.
Потрошувачот е крал. Но, тој сè повеќе се менува, а се менуваат и неговите купувачки навики. Што би требало да направат трговците за да ги задоволат изменетите, пософистицираните и попредизвикувачките потреби?
Нека понудат решенија, а не производи. Од своите продавници нека направат места со кои ќе ги изненадат и ќе ги воодушеват потрошувачите.
На учесниците на претстојниот FMCG-самит во Белград ќе им покажам кои се клучните трендови во трговијата во сите сектори и што може да научат од сето тоа за да се подготват за иднината.
Вашата агенција соработува со голем број светски познати трговци и производители. Какви совети тие најчесто бараат од Вас? Дали ги прифаќаат?
„Ехочембер" работи со компании од FMCG-секторот, како што се „Унилевер" и „Џонсон & Џонсон" за да им помогне при опремувањето на продавниците и на своите поп-ап објекти, бидејќи местото на продажба сега е многу важен канал за брендовите, преку кое тие се поврзуваат со купувачите, додека традиционалното огласување станува помалку значајно. Некои други клиенти, како што се „Икеа" и „Маркс & Спенсер", ги користат нашите услуги за да ја одредат најдобрата бизнис-практика на глобално ниво. Ги анализираме нивните конкуренти и им помагаме да ја планираат иднината, така што им покажуваме како да се приспособат на новите трговски и потрошувачки трендови.
Неодамна, на саемот „Ануга" во Келн бевте говорник. Кој е главниот впечаток што го понесовте од овој настан?
Саемот нуди неверојатна можност да го видите најдоброто од овој сектор од целиот свет, а конференцијата на која зборував, беше одлична можност за размена на исуства со колегите од другите земји.
Како го оценувате трговскиот сектор во Србија и во овој дел од Европа, во споредба со развиените земји?
Мора да признаам дека не сум експерт за трговската сцена во Србија. Сепак, најважните трендови се глобални и се во сите трговски сектори – бидејќи сите ние сме луѓе. Трендовите се движат брзо и најпрвин во земјите со развиени економии, но порано или подоцна, се прошируваат и на сите други пазари. Затоа и ги гледам истите трендови во речиси секоја земја на светот. Денес секој има паметен телефон. И индиските потрошувачи може да ги следат боливудските филмови на своите телефони, по цена пониска од цената на шолја чај.
Како да го фатиме чекорот на развиените земји?
Ако сакате да фатите чекор со другите земји, тогаш мора да патувате по светот и да набљудувате што се случува или да слушате некого, како што сум јас, кој може да ви покаже. Излегувањето надвор од границите на земјата и набљудувањето на вистинскиот трговски свет во најдобрите трговски градови на светот, е како гледање во стаклена топка. Тие трендови ќе дојдат и кај вас, дури и побргу отколку што мислите.
Дали компаниите од овој пазар ги следат светските трендови во трговијата?
Моите FMCG-клиенти мислат глобално и ги применуваат клучните трендови на секој пазар, каде што ќе влезат. Без разлика дали се развиени или пазари во развој.
Ќе бидете говорник на претстојниот FMCG-самит во Белград. Што да очекуваат учесниците од Вашето предавање?
Инспиративно купувачко патување низ целиот свет. Ќе им покажам кои се клучните трендови во трговијата во сите сектори и што може да научат од сето тоа за да се подготват за иднината.
За крај, може ли да ни откриете кои клучни трендови се прогнозираат за следната година?
Дигиталното сè повеќе ќе се движи кон мобилните телефони, па и трговските услуги ќе се приспособуваат кон тоа. Персонализацијата на производите и на услугите ќе продолжи да се зголемува во сите сектори. Истовремено, и понатаму ќе гледаме сè поголема љубезност, заедништво и неверојатно искуство во физичките продавници.