
Компанијата „Имлек“ го претстави единствениот асортиман на домашни производи од органсако млеко, што од неодамна е во продажба, под името Bello organic.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Имлек" го претстави единствениот асортиман на домашни производи од органсако млеко, што од неодамна е во продажба, под името Bello organic.
Во моментов асортиманот опфаќа свежо и долготрајно млеко, јогурт, кисела павлака и бело сирење, а во развој се сирење за мачкање, чоколадно млеко и овошен јогурт, изјави Срѓан Поповиќ, директорот за маркетинг во „Имилк" на конференцијата за новинари организирана по овој повод. Тој додаде дека и цените на производите од органското млеко секаде во светот се од 40 до 50 отсто повисоки од класичните млечни производи, па и во Србија ќе биде така, со тоа што тие се потрудиле разликата да не биде толку голема. Асортиманот на „Имлек", Bello organic ќе биде 20 до 30 отсто поскап во споредба со класичното млеко и јогуртот, објасни Поповиќ.
Според неговите зборови, „Имлек", пред воведувањето на овие производи, спроведе истражувања, што меѓу останатото, покажале дека перцепцијата за брендот Bello кај потрошувачите е навистина позитивна и дека затоа одлучиле органскиот асортиман да биде претставен под тоа име.
Слободан Петровиќ, генералниот директор на „Имлек" изрази надеж дека српскиот пазар ќе ги апсорбира сите количества на производите од органско млеко што тие ќе го пласираат, но додаде дека компанијата се подготвила и за извоз, доколку тоа биде потребно. Според неговите зборови, овој асортиман „Имлек" ќе го извезува на пазарите на кои веќе се присутни неговите производи, а тоа Романија, Унгарија, Австрија и Словенија.

Пред свеченото претставување на асортиманот Bello organic, на кое присуствуваа и Дејан Крњиќ, државниот секретар на министерството за земјоделство и Јозеф Гаспаровски, претседател на УО на асоцијацијата „Србија Органик", претставниците на медиумите имаа можност да ја посетат и органската фарма „Велвет фарм" во Чуруг, од каде што „Имлек" се снабдува со органско млеко.
Според зборовите на Јован Поповиќ, директор на фармата, таа ги поседува сите потребни сертификати во согласност со законите на Србија и стандардите пропишани од ЕУ. Благодарение на тоа, ја снабдуваме компанијата „Имлек" со околу 16.800 литри органско млеко дневно, во просек, што секако варира, им кажа Поповиќ на новинарите при нивната посета на фармата.
Асортиманот на производи под заедничкото име Bello organic претставува единствена линија на производи од органско млеко како на српскиот пазар така и во целиот регион. Воедно, новиот асортиман на производи на „Имлек" претставува потврда за традицијата на квалитет што оваа компанија го нуди веќе 60 години, истакнуваат од компанијата „Имлек".