
Индустријата за месо „Матијевиќ“ од Нови Сад во 2013 година беше водечка економска целина во Србија и првата позиција ја презеде од „Делта Холдинг“, кој лидерската позиција ја држеше неколку години по ред.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Индустријата за месо „Матијевиќ" од Нови Сад во 2013 година беше водечка економска целина во Србија и првата позиција ја презеде од „Делта Холдинг", кој лидерската позиција ја држеше неколку години по ред.
Индустријата за месо „Матијевиќ" има контрола на над 70 зависни правни субјекти, што е за 12 правни субјекти повеќе од минатата година.
На второто место се најде „Делта Холдинг", со еден зависен правен субјект помалку во однос на минатата година, односно со вкупно 69 зависни правни субјекти во рамките на консолидацијата.
Според Агенцијата за стопански регистри во 2013 година во стопанството на Србија работеа 747 економски целини, што е за 54 помалку во однос на минатата година, додека бројот на консолидирани зависни и придружни правни субјекти е намaлен за 15.
Исто така, продолжува опаѓачкиот тренд на вработени во економските целини, така што минатата година тие вработија 332.862 луѓе, што е за 16.460 луѓе помалку од 2012 година.
Во консолидираниот финансиски извештај обработени се 743 правни субјекти, кои консолидираат 2.269 зависни и придружни правни субјекти.