
Изградбата на фабриката на индонезискиот инвеститор „Индофуд“ ќе почне во мај. Во првата фаза од реализацијата на проектот, инвеститорот ќе вложи околу 11 милиони евра, а во план е фабриката да почне со работа кон крајот на годината.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Изградбата на фабриката на индонезискиот инвеститор „Индофуд" ќе почне во мај. Во првата фаза од реализацијата на проектот, инвеститорот ќе вложи околу 11 милиони евра, а во план е фабриката да почне со работа кон крајот на годината.
Темелите за фабриката што ќе произведува инстант-супи ќе бидат поставени следниот месец. „Индофуд" во ноември минатата година стана официјален сопственик на парцела од 500 ари во североисточната зона на Инѓија. На тоа земјиште ќе изгради три фабрики, а во рамките на првата фабрика ќе добијат вработување од 140 до 200 работници.
Ова е првата индонезиска инвестиција во Европа и во Србија. Таа претставува добра можност и за српските земјоделци, бидејќи суровините за производство на инстант-супи ќе бидат исклучиво од домашните полиња, пренесува „Дневник".